Градежната индустрија во Австрија и Германија запира – газдата Живојин сведочи со што се соочува

  • By klaster3
  • април 15, 2022
  • 0
  • 499 Views

Светот се соочува со глобална кри за на сите полиња. Сето тоа предизвика големи проблеми и на градежниците во Австрија и Германија, кои се соочени со недостиг на градежни материјали и постојано зголемување на цените.

Здруженијата на градежници во Австрија усвоија заедничка резолуција со која бараат на ефективни владини мерки за решавање на проблемите во оваа индустрија. Така бараат јавните и приватните клиенти на градежни работи да овозможат склучување нови договори со променливи цени.

Веќе многу градежни компании и покрај бројните договорени работни места, ги пријавиле вработените во Службата за вработување (АМС) поради најавите дека ќе останат без работа.

Живојин Трифуновиќ, сопственик на градежната компанија која гради во Австрија и Германија, се соочува со проблеми со недостиг на градежни материјали поради што веќе ја прекина реализацијата на новите проекти, пренесува Танјуг.

„Се соочуваме со потешкотии да нема градежен материјал. На Австрија и на Германија им недостига челик, односно се уште може да се најде, но на многу потежок начин, со посета на голем број производители.

Сега е неопходно да се посетат три, четири или пет производители за да се добие количеството челик што е потребно за изградба на планираниот објект. Проблем има и со профилите Ригипс, стаклена волна, стиропор, но и шајки и шрафови“, објасни тој за Танјуг.

Според него, менаџментот на компанијата не може повеќе да се потпира на претходните партнери при набавката на градежни материјали, туку мора во потрага по расположливата количина да инвестира многу време во контактирање со други компании.

„Засега не моравме да ги прекинеме започнатите проекти, но доцниме со изградбата. Доцниме и со новите проекти на самиот почеток“, посочи тој.

Трифуновиќ посочува дека има голем проблем со цените на градежните материјали, поради што понудата што ја дава за изградба на објект сега важи само три дена.

„За проекти кои треба итно да се отпочнат, нема повеќе договори со фиксна цена, туку со цена која повторно се разгледува, а клиентот мора да ја плати разликата врз основа на скокот на цената на градежните материјали“, додава тој.

Тој вели и дека градежните компании веќе не прифаќаат никакви рокови, бидејќи не се знае кога ќе ги добијат испорачаните градежни материјали кои често се испорачуваат доцна.

Дополнително, проблем е и транспортот на материјали, бидејќи превозниците се обврзаа на фиксни цени, а сега цената на горивото драстично скокна, па нивната работа веќе не вреди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.