Горан е искрен: Се чувствувам како Канаѓанец, но Македонија е дел од мене, се радувам на нејзините победи

  • By klaster3
  • април 8, 2022
  • 0
  • 320 Views

Горан С., Македонец по потекло, кој одамна живее и работи прво во Канада, а после во САД, опиша како се чувствува кога ќе ја посети Македонија. Текстот го пренесуваме во целост:

„Во раните седумдесетти моите отидоа во Канада да работат и јас пораснав таму. Кога живееш некаде од мали нозе и кога сè во животот ти се случува првпат таму, тоа е твојата земја. Барем јас така мислам и чувствувам.

Првото држење за рака, првиот бакнеж, првата љубов, првото раскинување, се по првпат. Иако сега живеам во САД, мојата земја е Канада и се чувствувам Канаѓанец.

Јас и сестра ми моравме да зборуваме македонски дома. Моите велеа дека децата треба да знаат кога ќе дојдат во Југославија да разговараат со бабите и дедовците или роднините. Иако не годувавме поради тоа, сега ми е драго што беа стр оги и не го заборавивме македонскиот јазик.

Во пресрет на распа дот на Југославија, моите решија да се вратат со заработените пензии. Нив не можеа да ги спречат никакви молби да останат со нас.

Доста им беше од канадската зима,снегот и возењето по мраз. Сакаа само да се вратат дома во Македонија. Тие се вратија, а со нив и сестрата. Секоја година доаѓав да ги посетам, прво сам, а потоа со семејството.

Секогаш кога доаѓав во Македонија, мојата многу добра, сега веќе по којна мајка, секогаш ми го поставуваше истото прашање:„Синко, можеш ли да се вратиш да живееш овде?“ и јас секогаш би одговорил исто: „Како да се вратам кога знаеш дека цел живот ми е таму?“.

Мојот татко го нема пет години, а мајка ми три години. Нема повеќе од најдобрите пржени компири во светот и нема повеќе прашања за враќање.

Иако се чувствувам како Канаѓанец, како што стареам и доаѓам во Македонија, добивам чувство на смиреност кога ќе слетам на аеродромот. Никогаш го немав тоа чувство како помлад.

Кога ќе влезам во станот што ми го оставија родителите, сè е онака како што мајка ми остави последниот пат. Таа по чина две недели пред моите деца и јас да дојдеме на одмор во Македонија.

Знам дека Македонија е дел од мене и секогаш ќе биде, секогаш се восхитувам на нејзината убавина. Секогаш се радувам на нејзините победи. Моите деца се воодушевени кога и да се таму и се гордеат што се половина Македонци.

Но, дали би можел да се вратам таму да живеам? Навистина сè уште не сум сигурен, но не е исто чувството што го имав кога бев помлад. Сега ми е многу тешко и се каам што не ја излаж ав барем еднаш и не реков: „Можеби еден ден мајко, секако дека ќе се вратам“!

Ќе знаеше дека тоа не е вистина, но барем немаше да пушти солзи како многупати досега. Мојата многу добра мајка“.

Фото: Илустрација

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.