Добро познато е дека поради актуелната ситуација како во светот, така и во Македонија многу семејства се наоѓаат во тешка ситуација.
Се наближува периодот кога ни следат два големи верски празници, Велигден и Рамазан.
Првиот човек на Општина Делчево, Градоначалникот Горан Трајковски се реши за еден голем и пред се хуман потег што е вистинска реткос за нашите политичари.
Трајковски се откажа од својата месечна плата за да помогне и притоа напиша:
Со цел да се обезбеди побогата празнична трпеза и да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават големите верски празници и да се покаже дека никој не е заборавен, ја донирав априлската плата за хумани цели.
Во пресрет на велигденските и рамазанските празници донирав прехранбени пакети наменети за 20 христијански и 20 муслимански семејства кои живеат во социјален ризик во Општинава.
Пакетите денеска беа дистрибуирани до градската црква „Света Богородица“ и до Џамискиот одбор од градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı“, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена.
Хуманоста е широк поим што значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност.
Нека се за многу години големите празници!!