Германски бар смисли иновативен начин за да го намали недостигот од зејтин

  • By klaster3
  • јули 24, 2022
  • 0
  • 355 Views

Германија, земјата во која живеат голем број нашинци, не остана заобиколена од економската и енергетската кри за што ги зафати земјите ширум Европа.

Додека од една страна се обидуваат да најдат начин како да се заштеди на енергенси за да можат да ја поминат зимата, од друга страна цените на основните прехранбени продукти постојано растат.

Сончогледовото масло, кое порано чинеше помалку од 1,5 евро за литар, на места поскапе трипати, па сега е околу пет евра. Некои супермаркети ја ограничија продажбата на сончогледово масло и брашно за да не се складираат залихи меѓу граѓаните.

Поради тоа, една минхенска пивница најде нов начин да го надмине недостигот на масло за јадење во Европа со тоа што ќе им дозволи на гостите да си го платат пивото со сончогледово масло за да се обезбеди залиха за пржење.

Со оглед на тоа што Украина и Русија сочинуваат околу 80% од глобалниот извоз на сончогледово масло, многу европски земји, вклучително и Германија, забележаа намалување на залихите.

Менаџерите на пиварницата и пабовите во јужниот град Минхен мислат дека можеби го имаат одговорот, нудејќи им на љубителите на пиво литар од нивното омилено пиво за иста количина сончогледово масло.

„Целата работа настана затоа што само ни снема масло во кујната, па моравме да бидеме креативни и снаодливи“, изјави менаџерот на пабот Ерик Хофман за ТВ Ројтерс.

Шишињата со канола и сончогледово масло често исчезнуваат од полиците на супермаркетите во Германија, а многу продавници го ограничуваат бројот на шишиња по купувач.

„Многу е тешко да се добие масло..ако ви требаат 30 литри неделно, а наместо тоа добивате само 15 сфативме дека нема да можеме повеќе да пржиме“, рече Хофман, додавајќи дека гостите веќе замениле 400 литри.

Во германските пабови литар пиво чини околу 7 евра, еднолитарско шише сончогледово масло чини околу 4,5 евра – што ја прави понудата привлечна за многу клиенти.

Клиентот Мориц Балер купил 80 литри сончогледово масло во Украина за време на патувањето за да достави хуманитарна помош, менувајќи ја својата пратка за осум кутии пиво за неговата роденденска забава.

„Кампањата е кул“, рече тој. „Можеме да добиеме евтино пиво и да, и помагаме на пиварницата Гизингер“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.