Ддраги пријатели на Германија,Во септември 2021 година на ова место Ви ветив дека имаме намера да го подобриме нашиот систем на доделување термини за таканаречените визи за Западен Балкан. Драго ми е што денес може да Ве информирам за првиот успех:
Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија.
За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели).
Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година.
Како и секогаш, поопширни информации може да најдете на нашата веб-страна Со почит, Анке Холштајн, Амбасадорка
На сајтот на германската амбасада во Скопје во објавата за ова може да се најде и следното објаснување.
Лотаријата ќе се спроведе во германското Министерство за надворешни работи во Берлин под надзор од повеќе лица. Веднаш потоа, избраните лица ќе бидат известени од Амбасадата, кога ќе биде нивниот термин во следниот месец.
Сите регистрации ќе учествуваат во постапката за лотарија, независно од тоа кога била регистрацијата. Регистрацијата што била порано направена нема никаква предност наспроти регистрацијата што била подоцна направена.
Исклучена е можноста за повеќе регистрации. Не постои можност ниту за дополнителна промена на податоците што се внесени при регистрацијата. Не е дозволено отстапување на терминот на друго лице.
Нема потреба од учество на трети лица (на пр. некоја Агенција) и со тоа не се добива никаква предност. Ве молиме регистрирајте се самите за постапката и задолжително внимавајте на точноста на Вашите податоци.
При приложување на потврдата за термин, влез во Визниот оддел ќе биде дозволен само ако личните податоци во пасошот на подносителот на барањето целосно се совпаѓаат со податоците што се внесени во терминот за регистрација.
Регистрaциите што не добиле термин, ќе бидат избришани на крајот на месецот. Ако Вашата регистрација не добила термин, и во тој случај ќе добиете соодветно известување дека не сте извлечени. Од технички причини, може да поминат неколку дена додека добиете известување.
Ве молиме да не испраќате мејлови. За да може да учествувате во лотаријата за термини во следниот месец, потребна е нова регистрација.
Само на овој начин може да се доделат термини за поднесување на виза според „Регулативата за Западен Балкан“. Амбасадата не дава други посебни термини и од овие причини Ве замолуваме да се откажете од таков тип на прашања.