Германија со нови правила за влез во државата: Започнуваат да важат веќе од недела

  • By admin
  • март 25, 2021
  • 0
  • 1127 Views

Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на Германците денес дека се гледа светлина на крајот од тунелот и дека ќе го победат вирусот, само еден ден откако побара прошка за најавените строги мерки за време на Велигден.

Одлуката на Меркел во средата да се откаже од плановите за продолжено затворање за време на празниците со цел да се обиде да го заузда третиот бран на ковид-19.

Договорен два дена порано за време на разговорите со гувернерите на 16 германски држави, предизвика загриженост дека ја изгуби контролата врз ситуацијата, пишува „Ројтерс“.

Денес од Германија каде што впрочем живеат и работат голем број Македонци, пристигна уште една промена.

Патниците кои доаѓаат со авион во Германија треба претходно да направат ПЦР тест за коронавирус, гласи новата уредба на Министерството за здравство, која беше предвидено да се применува од утре, но е одложена за од недела, со цел авионските компании да имаат време да се подготват.

„Патниците кои пред полетувањето нема да приложат негативен тест направен во последните 48 часа, не смеат да бидат пуштени во авион“, гласи одредбата, чија важност засега е ограничена до 12 мај годинава, а владата треба да даде дополнителна согласност.

Новата мерка се воведува по големата дебата во Германија околу летовите за Мајорка за време на велигденските празници. Поради нискиот број на новозаразени, шпанскиот остров Германија веќе не го сврстува во корона-ри зични подрачја, што ги намами авиокомпаниитемасовно да нудат летови до таму, на незадоволство на владата и сојузните покраини.

Во игра беше и опцијата за генерална забрана за патување во странство, но за тоа нема расположение кај сите партии во владејачката коалиција во Берлин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.