Гавазова имаше што да и каже на нашинците во Австралија: Драги мои Македонци се гледаме

  • By admin
  • април 18, 2022
  • 0
  • 506 Views

Позната наша пејачка Сузана Гавазова во последно време е поприлично активна со настапите, но и со објавија на социјалните мрежи.

Речиси да нема ден, а Сузе на своите профили на социјалните мрежи да не сподели нешто. Дали тоа било од приватниот живот или пак од настапите.

Сузе често знае да сподели како готви дома или пак поминува време со своите најсакани, децата и сопругот. Ако не е тоа, тогаш некоја фотка или видео од настап или гостување во некоја емисија.

За волја на вистината во последно време Сузе и нема многу слободно време. Безмалку секој викенд, но и денови преку седмицата е со настапи, но и тоа какви.

Згодната струмичанка се почесто е надвор од границите на нашата држава, па аеродромот и авионите и станаа речиси секојдневние.

Од своите почетоците кои ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“ па до дене денес таа е препознатлива и по својот глас и стас.

Без сомнение Сузана Гавазова е ретка македонска пејачка која има фанови од 7 до 77 години и важи за најпопуларна и најбарана во земјава и во странство.

Сузана Гавазова важи за една од најпопуларните македонски турбофолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.

За неа буквално нема застој. Што се вели не може крајот да и се најде. Откако мерките опуштија таа постојано е со настапи, како кај нас така во странство.

Во последно време често е надвор од нашите граници со настапи. По зимската турнеја во Америка и настапите во Бугарија, Германија, Шведска, за првпат настап имаше и во Данска.

Неодман Сузе се врати од турнејата во Канада каде што не ги сокриваше импресиите по настапите што ги имаше помеѓу македонските иселеници.

Но за Гавазова нема одмор. По Америка, Канада, сега дојде ред и на Австралија – држава која што е дом исто така на голем број Македонци.

Сузе вчера на својот инстаграм профил најави дека наскоро ќе следат настапи и во земјата на кенгурите.

Известување за сите мои фанови кои прашуваа кога во Австралија? Наскоро драги мои Македонци се гледаме – напиша Сузе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.