Вардар по одличниот почеток на сезоната во кој македонскиот шампион не знаеше за пораз во воведните три кола од Лигата на Шампионите, бележи пад во играта која ја отликаа четири порази едно по друго во најсилното ракометно натпреварување.
„Црвено-црните“ поразите од Монпелје, Алборг, Кил и Сегед ќе се обидат да ги надминат на домашен терен против унгарскиот Сегед, тим за кој ќе има и дополнителен мотив со оглед на тоа што е последен кој му нанесе пораз на двократниот европски шампион.
„Никогаш не сакам да бидам реален тренер, бидејќи ако сум реален не можеме да направиме добар резултат. Пик Сегед направи проект пред девет години.
Ги донесе сите играчи и само два пати беа шампиони на Унгарија и ниту еднаш не беа на Ф4. Михајловски се врати да го спаси клубот, а не како фудбалскиот тим да биде Втора лига и да испадне. Мораме да сфатиме дека ова е нов Вардар и тука сме да создаваме тим. Ние загубивме од големи клубови“, изјави тренерот на Вардар, Весели Вујовиќ.