Горан Јовановски, братот на Мартин по кого се уште се трага во Грција како што е познато денес повторно се огласи.
„Ова е сликата направена од денот на исчезнуванјето на мојот брат. Потрагата се уште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет.
Потребна ни е поголема покриеност од Воздух, копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајтеме.
Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите сто помагаат да имаат појасна слика“
Иван, второто момче кое беше пронајдено и спасен вечерва пред неколку моменти се огласи преку фејсбук каде што напиша:
Почитувани, Јас, Иван второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства.
Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата.
Ве молам споделувајте За донации од Македонија : 200003989311717 Стопанска Банка АД Скопје Цел на дознака: Донација за Мартин Шифра на плаќање : 562
За донации од странство :IBAN : MK07200003989312202 SWIFT CODE : STOBMK2X Stopanska Banka AD Skopje