Водоводџиите од одзатнување на тоалети можат да станат милионери, сами си поставуваат нереални цени

  • By klaster2
  • ноември 12, 2021
  • 0
  • 656 Views

Со само едно исчистување на ВЦ шолјата дневно просечниот водоводџија за една година може да биде и милионер, според тарифите кои ги наплаќаат.

На пример повеќе занаетчии во Белград наплаќаат од 100 до 300 евра за половина час ангажман, демонтирање на голема школка и извлекување предмет заглавен во цевка.

Истата работа во помалите места чини шест до десет пати помалку. А, за да „заработат“ од данокот, на идеја дошле белградски водоинсталатери, па регистрираат занаетчиски дуќани во неразвиените и помали општини.

И да не го земат алатот во раце, некои мајстори само за да излезат на терен наплаќаат од 2.000 до 3.000 динари за детектирање на проблемот.

– Не знаев дека во шолјата ми падна топче освежувач и дека ја затнало цевката – вели Сања С. – Од компанијата „Јован Миленковиќ“ велат дека услугата ќе ме чини 3.000 динари, а кога мајсторот пристигна во станот, цената е зголемена три и пол пати.

– Се испоставило дека топката влегла во канализационата цевка, па набргу мајсторот ја сменил цената и побарал 10.000 динари, оправдувајќи се со сложеноста на постапката.

Знам за случувањата дека колегите од Белград бааги наплаќаат, но ние во мало гратче не можеме да заработиме толку пари за една недела – вели мајсторот Зоран Лекиќ.

– Тоа дефинитивно не се реални цени и нивните „раце“ не можат да бидат 10 пати повредни од моите. Во Аранѓеловац масовно доаѓаат белградски водоинсталатери.

– Тука купуваат опрема за водоводни и канализациски инсталации кои чинат од 100 до 200 евра, а во Белград најмалку 600 евра.

Проблемот е што мајсториве немаат истакнат ценовник, ниту пак сакаат телефонски да ја кажат цената точно. Е кога ќе ти дојде мора да платиш.

– Работата траеше 15 минути, но иако знаев дека цената е нереална, беше поскапа од преглед на лекар специјалист, побрзав на работа, а се плашев да не истече вода во станот долу – вели Сања С.

– Дефинитивно не се реални со цените и сакаат да се збогатат преку ноќ и сето тоа за работа од околу 15 минути, вели Сања.

Проблемот е што за оваа работа нема реална, пазарна цена, туку таа се формира произволно, како што проценува мајсторот.

Од 10.000 до 30.000 динари чини услугата за одзатнување на цевки на повеќе локации во главниот град. За истата работа, во Аранѓеловац мајсторите наплаќаат 2.000 динари.

Во водоводната продавница „Јован Миленковиќ“, која е регистрирана во Бојник, а со експозитура во Белград, велат дека нивните услуги чинат од 3.000 до 30.000 динари.

– Цената зависи од проблемот и времето за негово решавање, дали е потребно специјално возило во кое се наоѓа опремата за одзатнувања.

– Кои алатки ги користиме, дали е куќа или стан и дали цевката е поврзана со други одводи, кога ќе излезам на терен ја проценувам реалната цена, вели мајстор Зоран.

Некои од водоводџиите во главниот град регистрираат компании во неразвиените општини во Србија, сметајќи на понизок данок.

– Многу занимања не се поврзани со локацијата на регистрација на продавницата, па можат да работат низ цела Србија, каде што е најисплатливо, а плаќаат најнизок можен данок – вели Милан Трбојевиќ, книговодител и даночен советник.

– Кога пресметката се прави преку калкулаторот за паушално оданочување, ако продавницата е на пример регистрирана во Бојник, месечно плаќа 11.000 динари, додека во Белград таа сума се дуплира.

Според соговорникот на ,,Еспресо”, писатели, градежни работници, консултанти, предавачи, чија работа не зависи од локацијата, можат да регистрираат фирми каде што се најмногу платени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.