Во семејството на Сашо Мијалков и Александра се славеше – причина е нивниот син Јордан

  • By klaster3
  • јули 14, 2022
  • 0
  • 571 Views

Многумина сметаа дека појавата на братучедот на премиерот Груевски, Сашо Мијалков, која оддава авторитет, но и мо ќ, го правеше еден од највлијателните луѓе во Македонија.

За осум години, колку што Сашо Мијалков беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), јавноста речиси и да му го немаше чуено гласот.

Пред извесно време Американското министерство за финансии ја прошири цр ната листа, на која се најдоа имињата на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Сепак, животот на поранешниот директор , Сашо Мијалков е секогаш интересен за јавноста, особено неговиот приватен, семеен живот.

Во брак е со примабалерината Александра Мијалкова, a има два сина, Јордан и Александар Мијалков.

Александра за својот сопруг зборуваше и во едно интервју во „Бекстејџ“. „Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има, тоа беше многу одамна, излегувавме заедно, се дружевме со моите колешки балерини, одевме по дискотеки како сите млади“, кажа Мијалкова.

Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков, не ѝ е познат на поголемиот дел од јавноста. Единствени податоци и фотографии за него се објавени на неговиот приватен фејсбук-профил, објави Фокус во една прилика за синот на Мијалков, Јордан.

Но, според информациите со кои располага Фокус, тој студирал на еден од престижните универзитети во Монте Карло во Монако, кое се смета за едно од најбогатите места во Европа, познато по гламурот и луксузот.

Младиот Мијалков завршил на Факултетот за менаџмент (бизнис-администрација), а претходно средно образование завршил во приватната гимназија „Нова“.

Во семејството Мијалкови вчеравечер славеше со прекрасен повод. Имено, синот Јордан се ожени со неговата девојка Анастасија, а заедно со пријателите и семејството направија прекрасна свадбена прослава.

Свекрвата Александра блескаше во елегантниот цр н фустан, а од сликите кои ги споделија може да се забележи и двојна радост – младите се на пат да станат родители.

Анастасија е косопственик на концептуалната продавница „URMA“ која ја има заедно со својата сестра Александра со која се познати под псевдонимот Бела. Свадбената декорација беше во нежна бела боја со рози.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.