Во Германија се размислува да се воведе нов данок – трошок плус за граѓаните

  • By admin
  • јули 3, 2022
  • 0
  • 422 Views

Претседателот на Германската регулаторна агенција за енергетика Клаус Милер денеска ги повика граѓаните , поради можноста Русија целосно да го прекине протокот на природен гас во земјата, да штедат струја и да се подготвуваат за зима.

Милер ги повика граѓаните да ја проверат состојбата на бојлерите и радијаторите за да добијат максимална ефикасност.

Германската влада размислува за воведување специјален данок кој би можел да ги прошири зголемените трошоци за гас меѓу клиентите и компаниите, како и да го спаси Унипер, најголемиот увозник од руски гас.

Предлогот за воведување специјален данок на цената на гасот доаѓа во време на зголемените предуп редувања дека Русија би можела да користи рутинско одржување на гасоводот Северен тек 1 – кој е закажан од 11 јули и обично вклучува краток прекин на снабдувањето – како изговор за прекин испораките на гас за Германија и Европа на подолг период.

Таквото сценарио би ја ставило Германија, која увезува околу една третина од својот гас од Русија, во сериозни економски проблеми и ќе и овозможи на Москва да го ка зни Берлин за поддршката за Украина и западните са нкции, пишува Политико.

Претседателот на германската Федерална мрежна агенција Клаус Милер денеска предупреди за одржувањето на гасоводот да стане „подолгорочно политичко одржување“, за што претходно разговараше министерот за економија и клима Роберт Хабек, велејќи декае можна „целосна бл окада“ на рускиот гас.

Министерството на Хабек подготвува нацрт-регулатива што ќе и овозможи на владата рамномерно да ги распределува трошоците за гас преку примената на даноците.

Позадината е дека само одредени увозници, како што е „Унипер“ од Дизелдорф, се во голема мера зависни од рускиот гас и сега се соочуваат со нагло зголемување на трошоците бидејќи во последен момент треба да го надоместат намаленото снабдување со скапи набавки на светскиот пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.