Во Германија детскиот додаток високо се вреднува: Познато колку евра може да добиете и како

  • By admin
  • јули 11, 2021
  • 0
  • 6960 Views

Добро познато е декаа во Германија живеат и работат голем број Македонци, а истата бројка постојано расте.

Детскиот додаток во Германија, Киндергелде е додаток што ви следува по дете, без разлика дали работите или не. Постои затоа што децата имаат гаранција дека како што растат, ќе имаат поддршка од државата во основните потреби.

Во Германија имате и додаток што го добивате како родител, наречен Elterngeld.

Ова е фиксна сума што ви ја плаќа месечно од страна на Famillienkasse, која се најдува под Заводот за Вработување.
Точната сума на пари што можете да ја добиете во 2021 година зависи од бројот на деца што ги имате:

219 евра за првите две деца, 225 € за трето дете, 250 евра за секое дополнително дете

Овие износи се зголемуваат од година во година, така што не мора да се грижите многу дека сумата што ќе ја добиете нема да ви биди доволна за вашето дете.

Кој може да аплицира за Киндергелд во Германија? Секој родител, без оглед на националноста, може да аплицира за Киндергелд, но само ако исполнува одредени услови:

Ако сте германски жител кој плаќа данок или ако имате германско државјанство и живеете во ЕУ, ако вашето дете е под 18 години. Ако случајно вашето дете има над 18 години, тогаш можете да добиете додаток за дете ако:

Вашето дете е невработено и е регистрирано како барател на работа во канцеларијата за вработување (под 21 година)

Вашето дете не може да се издржува поради попреченост што се случила пред 25-та година од животот

Вашето дете учи или посетува Аусбилдунг (до 25-годишна возраст или завршува прв степен или образование)

Имајте на ум дека Киндергелд може да го примаат и законски старатели, баби и дедовци и посвоители во случај детето да нема биолошки родители

Во случај родителите на детето да живеат одделно и да го делат старателството, мора да се договорите со вашиот поранешен сопружник каде ќе се исплаќа Kindergeld бидејќи само едно лице може да биде корисник.

За да аплицирате за Киндергелд во Германија, мора да го пополните Antrag auf Kindergeld, да го испечатите и да се потпишете (двајцата родители!) И да го испратите по пошта до локалната служба за вработување (Arbeitsagentur für Arbeit).

Откако ќе го поднесете вашето барање, ќе добиете одговор по пошта во рок од три недели до два месеци. Доколку бидат одобрени, парите за детски додаток редовно ќе се уплатуваат на вашата банкарска сметка.

Доколку ве одбијат, имате рок од еден месец да поднесете жалба или да доставите дополнителни документи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.