Влатко, синот на Емилија Динева: Сестра ми беше пред некој ден кај Министерот кој и даде ветување

  • By admin
  • април 25, 2021
  • 0
  • 19332 Views

Емилија Динева е жената херој која беше првиот донор на срце во историјата на нашата држава. Неодамна во медиумите и на социјалните мрежи излезе сторија во која говореше нејзиното семејство и ситуацијата во која се наоѓаат.

Телевизија Телма денес објави прилог во кој зборуваше со синот на Емилија, Влатко Динев.

Се слушаме речиси секојдневно, наскоро го очекуваме Иван во посета кај нас. Вака раскажа 19 годишниот Влатко Динев, син на Емилија Динева, првата дарителка на срце во државата за нивната врска со семејството на Иван Огненовски, човекот кому му беше пресадено нејзиното срце.

Изминатите единаесет месеци двете семејства се зближија. Големата загуба, а потоа неописливиот чин на хуманост и надеж, создадоа силна врска помеѓу двете семејства.

„Во контак сме со нив и често се гледаме. Доаѓаат тие, но одиме и ние. Се спријателивме, се запознав со Иван, бев кај него околу една недела“, вели Влатко за Телма ТВ.

Одлуката да се даруват органите на Емилија за Диневи била многу тешка, иако знаеле дека е правилна. Влатко вели дека надежта дел од неа да остане да живее била пресудна да се согласат.

„Тогаш бевме во шо к и татко ми ме викна да разговараме. Ни предложија од болницата дека може да ги донираме органите кои се здрави и може да спасиме други животи. Се одлучивме веќе кога мајка ми ја нема, барем да спасиме други животи, барем ќе знаеме нејзинот срце ќе чука во други гради“.

Влатко е се уште средношколец, но работи и во општината со договор на дело. Тешката финансиска ситуација по не среќата во која се нашле Диневи, ги принудило и синот да бара работа. Општината понудила момчето да го ангажира, а ги контактирале и од министерството за здравство.

Во теке е процедурата за здравството да се осигура и исто така така сестра ми беше пред неколку дена кај министерот па рече дека ќе најде работа и за неа бидејќи таа околу шест месеци не е вработена.

Во близина на домот на Емилија, се подготвува терен за изградба на парк со игралиште. Покренувач на идејата е градоначалникот Анго Ангов, кој им е сосед. Целиот зафат ќе го финансираат соседите, со сопствени средства и донации.

Општина Дојран вели дека се планира и поставување на спомен плоча во чест на Емилија Динева во паркот, но и една во централниот дел на Стар Дојран.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Телма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.