Владо Јурасевиќ потекнува од Мостар, во Скопје е дојден 1993 година, бил на поминување и прошетка а при посета на река Радика се случила и љубов на прв поглед.
Одтогаш останал во Макеоднија, неговата сопруга има македонски корени и можеби тој корен ги натерало да останат овде во земјава.
Билкарот Френки како што го познаваат сите помалку од 30 години советува на пазарчето во Буњаковец и има теза со егзотични производи меѓу кој зачини и билки уредно спакувани кој се продаваат со бесплатен совет и разговор.
– Од 1993 секое утро во 4:45 часот сум тука и вечер до 18:00, така веќе триесет години, билките ги собирам од село, имам два- тројца за жал стари луѓе што сеуште се занимаваат со собирање на билки.
Владо не се прави доктор, туку тој веќе триесет години проучува и осознава работи за билките, и ги знае како дишат и ги продава на тезга.
– Македонија има почва што дава се. Од житарки па до растенија и чаеви. Но многу луѓето не се заинтересирани за собирање на чаеви и билки.
– Природата дала толку а да не се искористи, јас сум тука да понудам голем асортиман на билки, и да ги задоволам сите апетити, доколку немам за 5-6 дена ќе ја обезбедам посакуваната билка.
– Имам редовни муштерии кој доваѓаат кај мене, им помагам, си муабетиме, па дури и навлегуваме во приватни муабети, вели Владо за ,,Сител Телевизија”
– Јас сум овде и твоја цел е да бидеш како превенција за да не дојде до нешто полош, треба да знаеш да му објасниш што и како е, вели Јурасевиќ кој не користи ниту мобилен телефон ниту интернет.
– Мене не може да ме најдете на телефон или на социјални мрежи, немам телефон, кога ќе се затвори ова тезга вечерта завршуваат и сите муабети.
– Луѓето сакат да пијат чај два- три дена и да им помине веднаш, еден совет до нив, пијте повеќе течности и избегавајте затворени простории.
Популарниот Френки може да го најдете на тезгата секој ден освен понделник, да пробате од неговијот асортиман и да добиете совет.