Семејството Панови од струмичко Моноспитово го собираа родот од засеаните феферони. Јосе со неговиот внук и на температури над 30 степени беа на нива. Ја довршуваа бербата сами оти како што велат не се исплаќа да ангажираат аргати.
Тврди дека годинава имало род но и добра цена но но ги нема површините со феферони како што било своевремено. Земјоделство веќе никој не сака а камоли да одгледува феферони.
„Едно време се садеше многу, а сега малку зошто работниците ги нема, ги нема младите да берат. Старите не можат не можат да направат. Цел ден на сонцето се печеш“, вели Јосе Панов за Телевизија 24.
Годинава откупната цена на фефероните е 40 денари. Од конзервно преработувачктие капацитети велаат дека драстично е намалено производството на овие лути пиперки во струмичко.
Про блемот со несигурниот пласман и ниските откупни цени резултираше по струмичките ниви да има се помалку млади кои заминвуаат во странство.
Ранчо Витанов од Габрово вели дека работат во за губа па по неговите деца и тој планира да замине во странство.
„Вложив 3500 евра, а зедеов 2000 евра што значи 1500 во загуба. Видо, невидо децата и замина во странство, но и јас на 60 години ќе одам нагоре. Два месеци да работам во странство ќе ми стигне, тука само вложувам, а не можам да земам ништо.
Според анализите една третина од струмичко поле е обраснато во трева. Заради немање млади и работна рака нивите стануваат угари. Постарите садат за сопствени потреби а производството на зеленчук од година во година се намалува.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследи на Телевизија 24.