Визер се шири со нови летови од и до Италија

  • By admin
  • септември 25, 2022
  • 0
  • 351 Views

Нискобуџетната авиокомпанија Визер и воедно најбрзо растечката и најодржливата авиокомпанија во Европа, најавува дополнително проширување на своите бази во Италија, што ја прави трета по големина авиокомпанија во земјата.

Имено Визер доделува три од своите авиони Ербас А321нео во своите бази во Рим Фиумичино и Милано Малпенса: два во Рим и еден во Милано.

Доделувањето на овие авиони овозможува лансирање на 12 нови линии, како и зголемена фреквенција на пет линии од Рим Фиумичино и три линии . Новите линии стартуваат од октомври 2022 година.

Доделувањето на уште два авиони во базата на Визер во Рим Фиумичино ќе ја зголеми базата на седум авиони. Овој потег го зголемува бројот на правци од базата на 65, вклучувајќи го и лансирањето на седум нови рути од главниот град на Италија.

Патниците сега ќе можат да летаат до Барселона, Гетеборг, Малага, Париз Орли, Порто, Севиља и Валенсија.

Понатаму, дополнителниот капацитет му овозможува на Визер да ја зголеми фреквенцијата на своите летови од базата до Ајндховен, Хургада, Париз Орли, Тел Авив и Ереван.

Милан Малпенса ќе добие дополнителен авион, со што ќе биде база за шест авиони. Како таков, Визер ќе воведе пет нови линии до Кардиф, Џеда, Марса Алам, Ријад и Ереван почнувајќи од октомври 2022 година.

Овој дополнителен капацитет исто така значи дека Визер може да ја зголеми фреквенцијата на летови на линиите до Тел Авив, Катанија и Атина. Со ова проширување, авиокомпанијата ќе оперира до 43 дестинации од Милано Малпенса.

“Воодушевени сме што се шириме во Италија за да бидеме трета по големина авиокомпанија во земјата, покажувајќи ја нашата посветеност да го зголемиме нашето присуство на пазарот.

Распределбата на овие три дополнителни авиони во Рим и Милано ни овозможува дополнително да ја зајакнеме нашата понуда на домашен пазар, давајќи им можност на нашите клиенти да патуваат до 12 нови дестинации од Рим и Милано,” изјави Роберт Кери претседател на компанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.