(ВИДЕО) Јордан Митев со обраќање до целата македонска јавност и наша дијаспора – откри што ќе се отвара

  • By klaster3
  • август 30, 2022
  • 0
  • 457 Views

Јордан Митев без сомнение е еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува кој е родум е од радовишко, потекнува и живее во Подареш.

Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Несомнено е дека Јордан Митев е еден избор при развеселувањето на македонските свадби, крштевки, родендени и други свечености. Со него забавата секогаш е загарантирана.

Тој е еден од ретките македонски фолк-пејачи кој исклучиво ја негува македонската песна и низ земјава, а и во дијаспората со секој свој настап ја афирмира неговата приврзаност кон фолк-музиката и традицијата.

Јордан Митев е често активен на социјалните мрежи кога има потреба да си го искаже своето мислење во врска со некоја тема, а во последно време се почести му се и видео обраќањата.

Овојпат, преку видео обраќање до целата македонска јавност соопшти нешто што можеби ќе израдува многумина Македонци.

„Почитувани фанови, почитувани Македонци во Македонија и ширум целиот свет. Добар ден на сите, се надевам дека сте добри, во добро здарвје и во добро расположение.

Во ова мое обраќање сакам да ве информирам дека од први септември во етер ќе има уште една телевизија, уште еден медиум којшто ќе ја негува и афирмира македонската музика.

Тоа е Радио Телевизија Македонска дијаспора којашто ќе ја најдете на сите музички платформи на сите социјални мрежи и истата ќе се грижи секогаш за вашите убави моменти и за вашето добро расположение.

Од први септември гледајте ја РТВ Македонска дијапора и уживајте во добрите македонски песни. Поздрав до сите каде и да сте, ве сака Јордан Митев.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.