(ВИДЕО) Цаки Кисми не запира: Пак им отиде во Бугарија и им порача: Нема поубав девојче од македонче

  • By admin
  • февруари 14, 2022
  • 0
  • 865 Views

Човекот со кого забавата е загарантирана секогаш е Сашко Нојкиќ, име и презиме кое на многумина можеби ќе и звучи непознато. Но кога ќе се каже Цаки Кисми е тогаш сите го препознаваат.

Без сомнение Цаки Кисми важи за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко кој знае да направи забава по сечиј мерак.

Тој е еден од најпопуларните фолк музичари во Македонија, а со право го носи и прекрарот кралот на кафеаните.

Сашо Нојкиќ или во јавноста познат како Цаки Кисми со години е присутен на македонската музичка сцена и зад себе има богата кариера, а и многу хитови.

Секоја песна на групата Кисми уште со првото пуштање во јавност станува хит.

Кисми навистина имаат добро чувство кога станува збор за одбирање хит и секогаш им успева.Освен во Македонија, редовно настапуваат во дијаспората.

Поради вирусот угостителските објекти беа затворени, а забрана за одржување на свадби и семејни веселби имаше повеќе од една година.

Цаки во интервју за ИН ТВ откри како го поминал периодот на изолација. Иако добро се одморил од многуте обврски, сепак не престанал да работи и снимал нови песни.

-Првите месец два ми дојдоа одлично и никогаш не сум се чувствувал така убаво, бев со фамилијата нон стоп заедно, а тоа задоволство го немав 20 и нешто години, се одморив убаво.

Меѓутоа доста ми е од одморање ми се здосади и тоа, па еве како што кажав снимивме нова песна и се работи на уште песна. Кај и да е, ќе излезе и таа, во побрз ритам е нешто помодерно.

Сакам на секои барем два месеци да промовирам по една песна, така нешто планирам па ќе видиме како ќе испадне.-истакна Цаки за естрадниот магазин Естрада плус.

По паузата поради актуелните мерки Цаки Кисми како и колегите се врати на своите ангажмани кои во периодот ги има во изобилство.

Не само во Македонија, туку Цаки Кисми е чест гостин и преку границите. Па така во изминатиот период беше гостин во Швајцарија, Германија, Италија, а викеднво и во соседна Бугарија.

Неодамна Цаки имаше настап во една дискотека во Благоеврад каде што пееше качен на шанк, а притоа во својот репертуар изведе и неколку македонски патриотски песни и притоа напиша:

„Вака се презентира и сака Македонија во Бугарија“

Многумина коментираа дека ова ќе му биде и последен настап поради добр познатите политички релации на двете држави, но веќе набрзо пристигна демант.

Имено Цаки Кисми викендов повторно беше гостин во истиот локал и пак запеа македонски песни и порача – Нема поубаво девојче од македонче.

Ова може да биде и своевиден одговор до српската колешка Теа Таировиќ која неодамна исто така во овој бугарски град го смени текстот на песната и предизвика многу комнетари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.