(ВИДЕО) Познатиот македонски пејач се присети на маестро Зоран Џорлев, па сподели убав спомен со него

  • By klaster3
  • јули 2, 2022
  • 0
  • 370 Views

Влатко Лозаноски или скратено Лозано е еден од најквалитетните музичари на македонската сцена а воедно и еден од најбараните.

Лозано е македонски пејач роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставуваше Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ.

Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, најпрестижниот фестивал во Македонија.

Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

Неодамна го извади својот нов сингл „Ме нервираш“ во аранжман на Лазар Цветковски и текст од Елена Цветковска Ена.

– Кога сум во не волја и кога таа е од сферата на музиката се јавувам на луѓе како што се Лазар, Магдалена, Васко, тие се тие кој и во добро и лошо наоѓаме решение.

– Исто така совет барам најмногу од сестра ми како и пријателите со кои од мали сме заедно и делиме буквално се, вели Лозано пред камерите на „Бекстејџ”.

Лозано често е активен на социјалните мрежи и споделува новости од музичката кариера, па така искористи момент да се потсети на прерано заминатиот македонски виолинист Заран Џорлев.

За потсетување, Зоран Џорлев се у покои на 1ви јануари 2021 година. Влатко сподели видео од нивната заедничка изведба на песна која му наврати убави спомени.

„Постаро видео, за мене многу драго… “Запри Запри Виолино”, заедно со нашиот драг Зоран Џорлев“, објави Лозано. Видеото може да го погледнете во продолжение

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.