(ВИДЕО) Малата Павлина од Косово ја запеа „Зајди, зајди“ и го расплака голманот на Црвена Звезда

  • By admin
  • март 19, 2021
  • 0
  • 11224 Views

Српскиот фудбалски клуб Црвена Звезда важи за спортски колектив со најголема база на навивачи не само во Србија, туку и пошироко во регионот.

Токму фудбалерите се идоли на многумина млади, пред се момчиња, но и девојчиња за што доказ е последниот пример што ни пристига денес.

Станува збор за едно девојче, етничка Србинка која живее и расте во Косово. Оваа нејзинита приказна го заокружи регионот.

Малата Павлина кој денес беше гостинка во Белград на „црвено-црните“ ги стопли срцата на многумина.

Фудбалерите на Црвена Звезда денеска имале посета од 11-годишно девојче од Косово која е голем фан на клубот, а особено на голманот Милан Борјан.

Малата Павлина доби на подарок дрес од својот идол и ракавици со негов автограм. Емотивната средба заврши со изведување пенали, но претходно девојчето му отпеа нешто на уво на искусниот голман.

Павлина ги истакна своите пејачки квалитети со македонската песна „Зајди, зајди“ при што Борјан не можеше да ги спречи солзите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.