(ВИДЕО) Малата 13 годишна Кајла од Австралија порача: Јас сум ќерка на Македонија

  • By admin
  • февруари 4, 2022
  • 0
  • 693 Views

За Јордан Митев не е потребно премногу да се трошат зборови ако се знае дека важи за еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика.

Нашиот познат пејач Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село,а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Митев денес на својот профил сподели пост кој содржи линк до песна и притоа напиша:

Почитувани, на овој убав ден кој што е од големо значење за нас македонците и славиме 150 години од раѓањето на нашиот великан на македонското револуционерно движење за самостојна Македонија Гоце Делчев, со задоволство ви ја претстаувам новата песна на Кајла К “Јас сум ќерка на Македонија”.

Како што кажав и пред неколку ден Кајла е македонско девојче од Мелбурн која има само 13 години и со голема љубов ја негува македонската песна и традиција.

Се додека има млади кои што ја продолжуваат македонската традиција, ќе живее и македонскиот род.

Уживајте во “ЈАС СУМ ЌЕРКА НА МАКЕДОНИЈА” Исполнува: КАЈЛА К

-Музика, Текст и Аранжман: Јордан Митев

-Снимано во студио “Анастасија” Скопје, аудио продуцент и мастеринг Љупчо Павловски

-Вокалот е сниман во студио “Роберт Реџеповски” Мелбурн

-Режија и Сценарио: Јордан Митев -Специјални гости во видеото: A.M.Y.A “Nikola Karev” од Мелбурн,
гајда: Најдо Илиевски, тапан: Дилан Талески од Мелбурн

-Видео снимател “Lou’s Video Producton” -Видео монтажа и видео постпродукција “By Zati”

-Видеото е снимано во “Windmill Garden’s Мелбурн (сопственост на македoнско семејство во Австралија)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.