Како што е познато верниците од Католичката црква го прославија најголемиот христијански празник Велигден. Со оглед на тоа што мнозинството граѓани во западно европските држави се од оваа вероисповед, имаа слободни празнични денови од работа.
Па така колективниот одмор го искористија и голем број Македонци кои живеат и работат по западно европските држави како Австрија, Германија, Италија, Швајцарија, Холандија и други.
Неко од нашите граѓани решија за празниците да си дојдат во Македонија и да го спојат со нашиот Велигден и мај, но некој се решија да останат таму каде што се.
Па изминатиот продолжен викенд македонската естрада беше ангажира со настапи по локалите низ западна европа каде што живеат и работат многу Македонци.
Општо познато е дека во изминатите неколку години светот речиси како да запре поради добра познатата причината, а тоа е вирусот.
Патувањата беа сведени речиси на минимум, а во еден период и беше тешко да се излезе од државата. Јавните настани со поголем број луѓе беа забранети.
Но се чини со почетокот на оваа календарска година ситуацијата полека се враќа во нормалност за што сведочат и многубројните уки нувања на мерките ширум светот.
Ова беше момент што многумина го очекуваа, како обичните граѓани, така и естрадните уметници кои конечно се враќаат на својата професија.
Едни од оние кои викендов беа преку границите се Анета и групата Молика кои имаа настап во Швајцарија и Италија каде што ги забавуваат и развеселуваа нашинците таму.
Особено впечатлив е настапот во Пијаченца, Италија од каде што од Молика порача: Пијаченца (Струмица), Италија ви благодариме од душа за топлиот пречек и прекрасната забава.