Уште еден граѓанин реши јавно пред камерите да проговори за искуството со Брзата помош во Македонија, поточно овојпат онаа во Кочани.
„Брзата медицинска помош треба да биде во служба на граѓаните, а не за нејзина интервенција да треба да се фаќаат врски со познаници“, вака пред камерата на интернет порталот „Гласно“ го започна сведоштвото Зоран Ристовски.
Како што тврди Зоран неговиот тшко бо лен татко кој во меѓувреме се упо коел, не добил навремена помош од екипата на Службата за брза медицинска помош при Општата болница во Кочани.
Ристовски сведочеше дека поради здравствена ситуација на својот неподвижен татко, во неделата кога матичниот лекар не работел и немал каде да се обрати, побарал помош на дежурниот број на 194, но помошта стигнала по два дена, дури во вторникот, по претходни ург енции во болницата.
– Порди влош ената здравствена состојба на мојот татко кој живее во Мојанци, во неделата околу 8 ч. повикавме Брза медицинска помош на дежурниот телефонски број 194.
Цел ден и цела ноќ чекавме да дојдат докторите од Брза помош и да го прегледаат мојот татко кој беше во тшка состојба, неподвижен и народски кажано „испушташе душа“.
Бидејки не бев во можност да го транспортирам до болницата, чекав на милост на докторите да дојдат и да го прегледаат или евентуално транспортираат во болница. Откако не дојдоа во понеделникот околу 16 ч. дојдов во Службата за итна помош да лично да побрам помош за мојот татко, ни кажа Зоран.
Ристовски тврди дека во Службата за итна помош во болницата бил пречекан со вул гарни зборови од страна на дежурната докторка со образложение дека треба да се обрати кај матичниот лекар, а не на брза помош.
„Сите тие вул гарности и посочувањето дека помош треба да барам кај матичната лекарка почнав да ги снимам со мобилниот телфон кога докторката го турна телефонот на земја и истата повика полиција.
Го снимав разговорот само да има доказ доколку му се случи нешто на татко ми да знам каде да барам одговорни. Не предизвикав никаков инц идент освен што снимав, ова е јавна установа на сите граѓани и во служба на нив.
Кога полицијата пристигна по пријавата за агре сивно однесување во записникот е наведено дека сум скр шил стакло од маса, но тоа не го сторив, туку докторката откако излегов од просторијата слушнав силен уд ар во масата и најверојатно таа го сторила тоа, рече Ристовски.
Брзата помош сепак интервенирала во вторникот во домот на семејството Ристовски. За жал, поради не поволнатаздравствена состојба 82-годишниот старец се упо кои во средата.
Зоран истакна дека ќе бара одговорност од надлежните, поточно од докторите за непружање навремена помош.
Во врска со целиот настан од интернер порталот Гласно.мк побараа одговор од Општата болница со проширена дејност – Кочани.
По неколкуте обиди телефонски да стапат во контакт со надлежните во болницата, во кратка смс-комуникација со директорот на болницата, Александар Серафимов бевме информирани дека:
„Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи и надлежните истражни органи ќе дадат објаснување за истиот“.
Целото сведоштво на Зоран може да го проследите во продолжение: