Како што е познато докторот Вело Марковски кој е специјалист по инфектологија и професор на штипскиот факултет во јавноста често знае да привлече внимание.
Што поради своите ставови во јавноста, што поради својата помлада сопруга Евгенија Николовска – Марковска со која доби и две деца.
Нивниот брак, поточно со Евгенија која е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола не е ништо ново.
– Се запознавме на факлутет таму јас предавав тоа беше еден тажен период, Евгенија беше една од најдобрите студенти и бев изненаден од нејзиното знаење.
– Тогаш и предложив да помага да ми биде асистент. Траеше неколку месеци тоа познанство и дојде тоа некако спонтано, вели професорот Вело.
– Тој беше строг професор, ми беше така симпатичен, му бев асистент одреден период, па си допишувавме на социјалните мрежи само за факлутетот но неговиот однос кон мене беше одличен.
– Без никакви очекување ја започнавме врската и не очекувавме дека ќе заврши врската со брак и со деца. Најмногу ме осови неговиот однос кој е грижлив.
– На 22 години веќе бев спремна да имам деца. Родителите не ми пречеа за врската, само ме прашаа дали ќе успееме поради годините, вели Евгенија.
Инфектологот Вело Марковски освен за медицина го бива и за музика па често знае да запее за своја душа или пак на романтичен начин да и искаже љубов на неговата сопруга Евгенија.
Имено, Вело напиша песна посветена за својата љубов насловена како “Те Сакам“ и истата е објавена на Јутјуб, а тој самиот ја сподели на својот профил на Фејсбук.
Освен тоа д-р Вело деновиве го сподели проектот на кој извесно време работел заедно со КУД „Гоце Маркоски“, а станува збор за дует од Вело и Димитри Кучков чија улога ја има Бобан Блажевски.
Ја препеја комитската песна „Песна за Стојан војвода“ и сними спот за истата која е запишана од француски етнолог и се чува на фонографски цилиндер во француската национална библиотека. Првпат снимена е во село Кожле скопско во 1900та година.
Песната е аудио доказ дека уште во тоа време македонскиот јазик како еден од десетте најстари јазици се зборувал толку јасно и чисто како и денес.
Во спотот на песната улоги земаат многу млади имиња меѓу кои секако е и неговата преубава сопруга Евгенија Марковска која што и да облече одлично и стои.
Видео спотот за песната може да го погледнете овде.