(ВИДЕО) Бебето Симеон пристигна од Украина во Македонија, неговите родители сведочат низ какво патешествие минале

  • By admin
  • март 7, 2022
  • 0
  • 515 Views

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека од Украина досега вкупно се евакуирани 120 лица, од кои дел се украински државјани со нивни семејства.

Тој соопшти дека во текот на денешниот ден, на граничниот премин Деве Баир ќе пристигнат група граѓани, меѓу кои и семејството со новороденчето.

Од нив, 20 го искористија нашиот апел да ја напуштат државата пред 24 февруари, пред започнување на конфликтот. Во активна евакуација се 43 наши граѓани, што значи дека ги напуштиле живеалиштата и се на пат да излезат од Украина, пред еден час седум граѓани ја напуштија државата – соопшти Османи.

Тој додаде дека има дел од наши граѓани кои ја напуштиле Украина, нo заминале во Полска и решиле да останат таму, со намера во прва прилика да се вратат повторно во Украина.

Има и граѓани кои во Македонија немаат ништо, освен македонско државјанство кои решиле да останат во Полска или соседните земји.

Минатата недела, МНР испрати дипломатска мисија во Украина со цел да ја олеснат евакуацијата на македонските граѓани. Околу 38 граѓани сè уште се во нивните живеалишта во Украина, од кои 11 во Киев, седум во Запорожје и 20 по другите градови – вели Османи.

Попладнево преку граничниот премиер Деве Баир пристигаа македонски граѓани кои се евакуираа од Украина. Станува збор за 13 наши граѓани кои пристигнаа од Харков.

Меѓу првите кои што влего со автомобил беше Димитар од Скопје со својата сопруга и новороденчето Симеон старо само 12 дена.

„Пет дена патуваме, многу тешко минавме, низ разни предели. Ние бевме во Харков сместени каде што не затече цела ситуација. Благодарение на Министерствот за надворешни работи, министерот и сите луѓе што ни помогнаа да се евакуираме“, изјави Димитар.

Ние бевме во станбената зграда, а местото за евакуација беше далеку и беше ризи чно да излегуваме, но со ептен тешки ма ки се извлековме некако – сведочи таткото и дополнува.

„Сега сме многу среќни што сме тука. Ние сме во Скопје. Позади нас има уште два автомобили со Македонци и 8 луѓе. По патот е огромни гужва, но немаве проблеми на границиа. Во Украина има многу чекопинти и таму 3 дена бевме во автомобил.

„Фала му на господ што си дојдовем дома живи и здрави. Благодарам најмногу на министерот што лично се заложи за нас и нашето доаѓа. Гледате јас сум се уште под пси хички стрес, не сум свесна се уште дека си дојдовме во Македонија. Веќе шест дена сме на пат, пројдовме низ могу патешествија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.