Вида од Штип: Живеам како куче на синџир и си велам подобра да не сум се ни родила

  • By klaster2
  • декември 12, 2021
  • 0
  • 667 Views

Вида Стојанова од Штип им а 68 години, иако како млада имала своја визија и соништа, сепка животот ја покажува својата темна страна. Денес таа живее сама и во недостојни услови.

Баба Вида речиси целиот живот го поминува во семејанта куќа во центарот на Штип. На 18 години таа одлучува дека не е како другите и дека сака да постигне многу во животот.

Таа заминува во Скопје каде што во тешки времиња завршува Земјоделски факлутет а потоа се враќа во Штип со цел да пронајде работа.

– Овде завршив основно и средно образование, сакав да успеам во животот, решив да отидам во Скопје и да учам факлутет.

– Беше многу тешко и во тешки времиња, со лоша храна и без топла облека, но завршив факлутет се вратив овде и се вработив во една фирма.

– Но таа фирма доживеа стечај па така јас останав без работа. Татко ми по чина па така јас и мајка ми живевме од пензијата на татко ми, вели баба Вида пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Ја изгубив мајка ми пред 10 години и од тогаш животот ми тргна удолу, и тогаш не беше сјајно но се буткаше некако, ова што го имам буквално се ми е од донации ли што останало од мајка ми.

– Покрај големата сиромаштија, тука се и бо лестите кој ги добив поради условите во кој живеам, кога врне често протопува, ѕидовите се во лоша состојба.

– Можат да паднат во секој момент и спиам во ст рав, во лоша ситуација сум. Примам многу лекови, а бо лестите се редат само.

– Треба да примам едни апчиња бидејќи немам подмачкување во колената но тие апичња се осум илјади денари што неможам да си ги дозволам.

– Сите уреди ми се расипани, печката, пералната, па така перам на рака, се се распаѓа, фрижидерот не е исправен, вели баба Вида.

– Останав без семејство поради што остнава да ја чувам куќата и бидејќи немав среќа, уште кога сум се родила сум немала среќа, додава таа.

– Овој дом каде што седам е предвиден да се руши, само се чека реалиазација, побарав да ме сместат во некоја гарсоњера во пензионерскиот дом но тие ми дадоа изгорена гарсоњера.

– И ми рекоа таму да се вселам во изгорената куќа. Се обратив и во други институции но ми рекоа дека треба да се поднесе многу документација и да се прати до Скопје па потоа ,,Што би било кога би било”

– Јас сум стара и неможам да го правам тоа немам сили. Јас не само што сум тажна туку и гневна, ништо не сум добила од државата.

– Неможам да издржам повеќе овде, ова не е ниту еден ниту два дена. Заслужувам барем едно собче да добијам што ќе биде сигурно и да не се плашам дека ќе се сруши.

– Живеам како куќе на синџир седам овде и си мислам дека не требало ниту да се родам, за да не тргам вака. Никој не ми помогнал, туку од страна само советуваат, вели Вида.

– Јас да имам големи примања не би седела ни миг во оваа куќа, би отишла во старечки дом но немам пари, вели во солзи баба Вида.

– Барам да ми се даде одговор да не бидам во неизвеност дали ќе се руши оваа куќа или не и да добијам барем една соба каде што ќе живеам пристоен живот, завршува таа.

На баба Вида навистина и е потребна помош. Доколку сакате да и помогнете на оваа беспомошна жена, тоа можте да го направите на трансакциската сметка 320500027164928 или телефонскиот број 076 615 428

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.