Џејкоб Вајли имаше уште еден сосема солиден натпревар за Македонија. Особено тоа се однесува на првото полувреме во кое држеше активен резултат.
„Очигледно, Шпанија е добар состав. Нашата цел беше да се покажеме во добро светло, но им симнувам капа на силата која ја прикажаа. Горд сум на соиграчите, особено на младите играчи кои се покажаа денеска на теренот. Очекувам да извлечеме поука од овој натпревар пред оној против Украина во понеделник во Киев“.
Играта на македонскиот талент Теодор Симиќ беше една од темите и на прес-конференцијата на шпанската репрезентација, по натпреварот против Македонија.
Tрофејниот стручњак Серџо Скариоло, кој со „фуријата“ има европски и светски злата, испрати само пофални зборови од прикажаното од кошаркарот на Барселона.
„Знаевме дека тој е многу талентиран играч, Барселона сигурно не го земала бадијала. Одличен шутер е, но треба да го развие телото, поради позицијата на која игра и малку повеќе да скока од истите причини. Воодушевен сум од неговата игра и можам да му предвидам блескава иднина. Мислам дека ќе стане голем играч, всушност, тој веќе е голем играч“ – изјави шпанскиот селектор.