Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, а сега претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата се огласи пред неколку моменти на фејсбук.
Цветанов на својот личен профил на оваа социјална мрежа сподели вест која силно одекна, а во неа се вели:
-Екслузивка:Началникот е вратен во државава.И ќе се јави пред органите на прогон за 3 дена…А некоја Министерка денеска е демаскирана и избришана од НАТО…
Тој во својот статус не спомна имиња, но се претпоставува дека мисли на Сашо Мијалков за кого властите распишаа потерница.