Ване Цветанов за првпат јавно проговори за понудата од Сашо Мијалков вредна 2 милиони евра дневно

  • By admin
  • март 16, 2021
  • 0
  • 3098 Views

Ване Цветанов, поранешниот директор на финансиското разузнавање кој одамна се разиде со матичната партија ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон политичката страна на СДСМ, вели дека екс шефот на тајната полиција од него барал да извлекуваат 2 милиони евра дневно.

Ване Цветанов во 24 Отворено истакна дека конечно се создале услови да се гради системот на владеење на правотот

„Конечно се создадоа услови за да почне сериозно да се гради системот на владеење на правотот. Додека не се случи ова со Мијалков и Камчев се уште функционираше коалицијата Груевски, Протугер, Мијалков, Камчев и уште 3-4 поситни“, вели Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување пере ње пари и финансирање тер оризам, за емисијата „24 анализа“.

Тој се согласува дека е убаво да се одреди кауција за обвинетите, но таа да биде по 2,5 милијарди евра.

-Мене лично Мијалков ми понуди во 2008 година да помогнеме и организираме една операција каде дневно би се ваделе по 2 милиони евра. И тогаш тоа го нарече донација на партијата – рече Цветанов на ТВ 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.