Без сомнение Ване Маркоски важи за еден од најпознатите македонски водители човекот кој долго време не`забавува и информира пред малите екрани, со неговите емисии кои се од најразлични тематики.
Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секојдневно тој е активен на своите профил на социјалните мрежи.
Харизматичен и позитивен лик кој обожаваат да го гледаат и оние најмалите но и повозрасните. Дека со љубов си ја работи својта работа говорат неговите успеси на професионално поле.
Ване Марковски е познат како голем љубителл на природата, заговорник на здравата исхрана, фитнесот и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.
Како што е познато долги години Ване го гледавме на фрекфенциите на Канал 5 ТВ но неодамна реши за промена на професионален план, па се префрли на МТВ.
Ване Маркоски по потекло е од Тетово каде и живее целото негово семејство, но поради неговите професионални ангажмани тој подолго време живее и работи во Скопје.
Како што е познато Ване е мошне активен и на социјалните мрежи, а така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбук напиша:
Да можев да го вратам времето.Она време кога како мало “мутле” рипав, скокав, барав и тогаш кога некој можел само срцето да ти го подари, кога немало за ништо, а ти си сакал се.
Кога си мислел дека бе сот покажан кон најблиските за да ти ги дадат последните 10 денари е најдоброто нешто кое можеш да го направиш. Но, времето не се враќа.
Се случува само животот кој ни покажува дека имаме најмногу и тогаш кога мислиме дека немаме ништо, а тоа е ЉУБОВ од тие што те создале, чувале и сакале.