Бугарскиот премиер Петков денес најави крај за издавањето бугарски пасоши

  • By admin
  • февруари 4, 2022
  • 0
  • 480 Views

„Политиката ја водат политичари, а не експерти, поставивме јасна политичка рамка на нашите дискусии, имаме јасен став на бугарската влада. Исто така и колегите од Македонија“, рече денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред бугарскиот парламент во врска со барањето на претседавачот на македонскиот дел од историскиот мешовит комитет проф.Драги Георгиев.

Една од идеите претходно што ги даде Георгиев беа да се замрзне работата на комисијата на 2 години, додека „да се опушти политичката атмосфера меѓу двете земји“.

Петков не се согласува со наводите на опозицијата дека во Скопје нема бугарски функционери за славење на150 години од раѓањето на Гоце Делчев.

Премиерот Петков истакна дека таканаречените „златни пасоши“ што се издаваат на странци ако инвестиораат во Бугарија, се проблем и за Шенген и за укинувањето на американскиот визен режим.

„Златните пасоши се по рок“, рече тој, а владата во Софија ќе бара решение.

Бугарија ќе престане да ги дели затоа што се сосема погрешна политика.

„Бугарија мора да има углед на европска земја, а не некаков влез на некои нелегални луѓе кои купуваат евтин пристап до европскиот пазар и ЕУ.

Ќе ги елиминираме целосно, тие се погрешна политика. Секој кој е поврзан со нив ќе биде соочен со полна сила на законот“, рече Петков.

Повод за отворање на прашањето беше прашањето на ДПС, партијата која соопшти дека имаат сознанија за 120 лица кои учествувале во шемата за стекнување бугарско државјанство со инвестирање.

Според Хамид Хамид, повеќето од нив се главно Кинези, некои од кинеското разузнавање и Руси.

„Сите инвестиции биле со иста вредност – милион лева (500.000 евра) и поминале преку истите полномошници и поминале низ иста банка“, наведе Хамид според сознанието со кое располагале.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.