Додека многумина Македонци се решаваат да се иселат во Западна европа или преку океаното во Австралија и САД, Бранко Станојковски од Куманово се решил за несекојдневна дестинација.
Станојковски веќе 13 години живее во Казахстан, во градот Алмати, најголемиот град во оваа некогашна руска република, но, и најголем комерцијален центар на Казахстан.
Токму таму до пред само десеттина дена имаше не мири поради незадоволстото на граѓаните од зголемувањето на цената на горивата и гасот.
Бранко за Гласот на Америка кажа дека во Казахстан се преселил во 2009 година:
-Прво дојдов кај татко ми на гости, бидејќи тој овде работеше од 1993 година, заедно со дедо ми. Тие се занимаваат претежно со градежништво.
Кога дојдов на се запознав и со сопругата Анали. Имаме и дете. Се вика Амелија. Главната причина е семејството, а потоа и сите убавини кои ги дава Алмати и Казахстан.
-Казахстан во последно време стана многу популарен, особено во поранешните земји на Советскиот сојуз. Што се однесува до музичката сцена и до шоу бизнисот и телевизијата, Казахстан имаше голем подем.
Сите зборуваа во последно време, бидејќи интелегенцијата која сега расте во Казахстан е многу силна и тоа само не радува. Казахстан е поделен на многу богати и многу сиромашни.
Тие што се богати ги испраќаат децата во Америка и во Европа. И оттаму имаме некои нови влијанија, кои придонесуваат за подем на шоу бизнисот.
Влијанието на Западот се чувствува повеќе кај помладите. Влијанието на Русија овде е присутно и во никој случај не може да се затворат очите на такво нешто, бидејќи тоа трае повеќе од 50 години.
Иако Казахстан е независна држава триесеттина години, руското влијание тука го има. Доволно е тоа што во главните градови зборуваат претежно на руски јазик.
Јас во овој момент имам неколку музички проекти. Порано работев како пејач во група. Тоа е кавер група „Јоркерс“. Но сето тоа траеше до појавувањето на ковид-19.
Некако сфатив дека за мене повеќе во таа насока нема добра иднина. Затоа повеќе почнав да се занимавам со барната индустрија.
И музицирањето сега ми е сведено како диџеј. Настапувам како диџеј. Со мене настапува уште еден мултиинструменталист.
Правиме интересен проект, кој е многу популарен во Казахстан. Со сопругата Анали отворивме бар или паб, кој е малку поврзан со уметноста. Го крстивме Кумано.
Целото интервју со видео прилог може да го проследите на Гласо на америка.