Борче од Свети Николе го продава својот Мерцедес за да помогне на некого: Може немам многу, ама срце не дава да останам рамнодушен

  • By admin
  • април 19, 2021
  • 0
  • 3611 Views

Борче Сарафинов од Свети Николе пред неколку дена со пост на својот профил на фејсбук привлече големо внимание, а во истиот се вели:

Почитувани ХУМАНИ ЛУЃЕ! Ковидот носи см т, губење на близок член на семејства, баснословни лечења на сиромашен народ кој едвај имаат за корка леб.

Социјалните мрежи се преплавени со молби од срце ископани на луѓе кои молат за живот, дом, лекови, храна! Сиромашниот народ да помага на сиромашниот! ОВА БО ЛИ!

Ама секогаш сиромашниот повеќе помага од богатите, доволно е да се прочита по социјалните мрежи и вестите! Стра даат стари и изне моштени, сиромашни, а секоја см рт најмногу ги погодува децата.

Многу го губат родителот кој е столб во семејството, извор на љубов, среќа, утеха и верување во подобро утре! А човекот во мене не дава да биде рамнодушен. Може немам многу, ама срце не дава да останам рамнодушен.

Ако сакаш да помогнеш начин има. Јас успеав да најдам еден, кој е чин на добрина од срце, но сакам да видам колку хумани ќе го поддржат мојот гест.

Имено, имам кола која сакам да ја продадам, а парите од продажбата да ги наменам на оние на кои им е најпотребно. Станува збор за следниов модел на возило:

Mercedes benz E 270 na Bg таблички, 2003 година (Еuro – 3), со мануелен менувач, редовно сервисирана и одржувана, не регистрирана(за повеќе информации во инбокс).

Пoчетната цена за која се нуди возилото е 2000 евра, но сакам да биде во форма на хумана лицитација, а истата да биде продадена на оној кој ќе понуди најмногу.

Собраните средства од оваа хумана лицитација ќе бидат поделени таму каде има најмногу потреба , а за истата ќе биде споделена и објава на кого е помогнато.

Искрено се надевам дека овој мој чин ќе разбуди голем број на хумани луѓе, со искрено верување дека можеме да помогнеме на што повеќе луѓе на кои сме им потребни.

Ваше е да го разбудите ЧОВЕКОТ во ВАС, па оваа акција да вроди со голема помош. Од срце голем НАКЛОН и БЛАГОДАРАМ кои во ова ќе препознаат чин на емпатија, љубов и желба да се помогне !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.