Песната „Пусти мерак Ратке“ барем еднаш во живото секој од нас ја има слушнато или пак запеано. Едноставно стихови и мелодија што ептен се певливи и впечатливи.
Истата е напишана од битолчанецот Боби Поповски кој веќе 30 години живее во Австралија, Истата песна за прв пат беше изведена од Горан Тодоровски во 2000 година на Серенада на Широк Сокак.
Боби, годинава се врати во Битола и токму оваа антологиска песна ја испеа пред битолчани на манифестацијата Незаборав – песни за Битола, втор дел. Покрај оваа песна ја испеа и „Што ти згрешив Битола моја“, песна во која секој може да се пронајде себеси.
Валентин Соклевски, врвен текстописец и Панде Димитровски, организаторот на “Незаборав” се причината за моето учество на овогодишното издание на истиот настан
Ми предложија да се појавам на “Незаборав” со моите две песни, песната “Пусти мерак Ратке” и “Што ти згрешив Битола моја” и да ги почестам моите Битолчани .
Уште при и зведувањето на првата песна “Што ти згрешив Битола моја” настана права еуфо рија во концертната сала… Емоции, со лзи, спомени…И многу голем аплауз.
Следеше “Ратка”, сега веќе антологиска и уште поголема еуфорија, со прекрасен крај, кога публиката во салата од неколку стотини грла ја пееше Ратка
Не можам да ви ја опишам радоста во тие моменти… А на сето тоа, татко ме придружуваше на бината, како придружен вокал, а мајка ми и моите најблиски седеа во вториот ред во публиката…
Песната е вистинска приказна , за што е пишувано во повеќе наврати… Напишана е за мојата тетка Ратка Колевска, инаку и самата една од првите пејачки во радио Битола во 50-те години…
Како млада била вљубена и во љубовна врска со момче, градско и убаво, но заради мала рас правија и малку повеќе инает, се ск арала со момчето и во неколку недели се омажила со мојот тетин…
Останала верна на сопругот до крајот на својот живот но приказната за изгубената љубов си тлеела во срцето сите овие поминати години.
Од другата страна “момчето “ кој исто веќе не е меѓу живите, си имал своја фамилија, но потајно та гувал по истата љубов до крајот на животот.
Песната ја напишал на свои 29 години, пред точно 22 години, во далечната 1999, а била изведена во 2000 на тогашниот фестивал “Серенада на Широк сокак” во Битола.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Тера тв.