Благој Нацоски: Ова е предизвик за мене

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 844 Views

Оркестарот на Филхармонијата утревечер, 13 февруари, во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „24 илјади бакнежи“. На програмата се безвременски љубовни песни – „Еден бакнеж“, „Beautiful Maria“, „Ne me quitte pas“ и други.

Насловот на концертот е извлечен од песната „24.000 baci“, која исто така ќе биде изведена на овој концерт, а напишана во 1961 година од Е. Леони, П. Виварели, Л. Фулчи и А. Челентано. Премиерно била изведена на фестивалот „Сан Ремо“ во изведба на Адриано Челентано и Литл Тони и го освоила второтo место. Се смета за прва рокенрол-песна што влегла во конкуренција за наградата, наедно и за композиција, која ја портретира младината во времето на сексуалната револуција.

Како солист на концертот ќе настапи нашиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски, кој доаѓа специјално за овој концерт од Италија, а исто така настап ќе има и младата македонска вокалистка Светлана Јовановска. Ќе настапи и хор, а во рамките на концертот ќе има и балетска точка во изведба на Кала Каревски, во кореографија на Саша Ефтимов.

„Денеска генерална проба за „24 илјади бакнежи“ – традиционален концерт во Филхармонија по повод Денот на вљубените. Оние песни кои ќе се пејат утре јас никогаш не сум ги пеел пред публика. Ова е предизвик за мене. Мојот репертоар е поинаков. Не ми претставува проблем, јас утре пеам 6 песни, сите 6 се жанровски една од друга.

Кога правам концерт со класична музика жанрот не се менува. Се надевам дека успешно ќе поминувам од еден во друг жанр, конкретно песната „24 илјади бакнежи“ никогаш не сум ја пеел, концертот е посветен на љубовни мелодии“ – вели тенорот Благој Нацоски во Студио 10 на ТВ24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.