Македонската фолк пејачка Блага Петреска го има тоа задоволство во сениорските денови да им се радува на своите потомци, внуците. Таа баба на четири внуки, една од ќерката Оља и три од синот Олег.
Блага Петреска како млада жена го изгуби својот сопруг во кој била многу вљубена. Со него има син и ќерка. Синот е денес наш познат музичар Олег Кодратенко, а ќерката живее далеку од Македонија.
Во нејзиното семејство јавна професија покрај неа ја имаат и снаата Ана Кондратенко која е концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, а со истата професија се занимава и синот Олег.
Инаку, Ана Кондратенко, е првата виолина на Македонската филхармонија и потекнува од Новосибирск. Двајцата имаат две ќерки – Леона и Летиција кои и самите досега учествувале на детски фестивали.
„Децата се гордеат со мене, а јас со нив. Мојот син, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто извонредна виолинистка од Русија.
Ќерката и зетот исто среќно живеат во странство и се презадоволни. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала?“ вели Блага за „свет-австралија“
„Јас пеев секој ден уште како дете, а ако не запрев мајка ми знаеше дека имам некој проблем. Пеам постојано ама не мислев дека тоа ќе го пренесам на сите во светот каде што не има – Македонци.
Тоа е голема чест и дарба од Бога да пренесеш енергија и да допреш до најискрените чувства на слушателот. Тоа задоволство со никакви пари не се купува. Ништо не би променила“ вели фолк пејачката и додава дека не брои колку години е на музичката сцена.
Македонската фолк- пејачка е позната по добрата песна, но и убавината која сè уште ја поседува. Се чини дека во семејството на Блага Петреска убавината е наследна, па не е ни чудно што нејзините внуки израснаа во преубави девојки.
Иако, Петреска не е често активна на социјалните мрежи, на овој ден реши да посвети објава на една од нејзините внуки по повод нејзиниот роденден, па и честита со песна:
„На моето сонце мојата лавица Летиција Среќен 16ти роденден да ми е здрава и жива и да остане таква посебна со хумористичната за баба и дедо“.