Бени Шаќири: Јас како етнички Албанец не можам да прифатам мајтапење со моите сограѓани Македонци

  • By admin
  • јуни 23, 2022
  • 0
  • 585 Views

Роден сум во Скопје и цел свој живот сум тука. Милион можности да си заминам, но никогаш не го направив тој чекор. Го сакам мојот град, ама си ја сакам и мојата земја!

Како карактер, тежок сум на компромиси, но свесен дека во животот само и диот тера безкомпромисно! Сепак, и кога правиш компромис тој треба да е за доброто и во интерeс на двете страни, а никако на сопствена шт ета.

Она што го гледам во последно време е дека од нас, како граѓани, се бара да направиме компромис на своја шт ета за евентуално тие (читај ЕУ) со компромис да не бутнат на „сила„ во нивно друштво ама за едно 25-40 години, евентуално!

Другари, да, Вам од владата Ви се обраќам! Доста е. Мое мислење е дека треба конечно да кажеме одлучно не на Францускиот предлог, за кој, рака на срце не ни знаеме што точно содржи, (пошто нели се уште никој звнично не го примил) но знаеме, според изјавите на бугарските званичници, дека македонскиот јазик „не постои„, туку тој бил само кодифициран дијалект на бугарскиот???!!!

Пази молим те, јас 53 години сум живеел у заблуда дека одлично го владеам македонскиот јазик, а он да ти бил само дијалект и тоа најдиректно ми го посочуваат високи званичници на држава за која имам особена почит и со огромно задоволство сум престојувал во истата!

Не,не, не иде тоа така другари! Ние си имаме свој јазик, свое писмо, признати и кодифицирани пред многу години, така да, околу тоа, компромисот е недозволив!

Уште колку небулози треба да набројам за да разберете дека не мал третираат, злос тавуваат само заради тоа што им се може?

Дека сме далеку помала земја од нив?! Баш напротив, како поголеми од нас треба да покажат доблест и да дадат поддршка за сите наши иницијативи врзани за ЕУ, а вака….??!!

И да, јас, како етнички Албанец и граѓанин на оваа земја, слободоумен, но не и ма лоумен, не сакам и не можам да прифатам мајтапење со моите сограѓани, пријатели, комшии Македонци, кои добро знаат кои се и што се!

Се разбира дека жр тви на тој пониж увачки однос сме сите под еднакво како граѓани на Република Македонија, а да перв ерзијата биде поголема, жрт ва се и граѓаните на Република Албанија, само затоа што на одредени политички фигури од Бугарија така им се може!!!

Не грижете се, не сум на ничиј платен список, имам право на глас, мислење, став а фала Богу и малку памет! Искрено, се надевам дека земјите членки на ЕУ ќе имаат слух и доволно мудрост да кажат стоп за сад истичкиот однос кој бугарската политичка врхушка го спроведува кон сите граѓани на Р. Македонија, подеднакво!!!

Граѓаните на оваа земја, имаат право да бидат во големото ЕУ семејство затоа што друга алтернатива не постои за нас, но не по секоја цена!Пошто сум од Скопје, ќе ви кажам и на скопски за да ме разберете: Мој мој преку мој

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.