Баба наплаќа за чување на нејзиниот внук: Денес сè се наплаќа, особено потрошеното време

  • By admin
  • јануари 12, 2022
  • 0
  • 607 Views

Додека за едни минувањето време и чувањето на своите внуци е најскапоцена работа која што не може да се купи со никакви пари, за други воопшто не е проблем одделеното време да го наплатат.

Секој самостојно одлучува за своите постапки, но обично кога бабите и дедовците се пензионери со искрена волја се согласуваат да ги гледаат внуците и да им бидат од помош на родителите.

Плаќањето грижлива дадилка денес за некои родители е невозможна мисија поради големите трошоци за живот, па затоа најчесто се одлучуваат децата да ги остават на чување кај бабите и дедовците.

Една баба, која сака да остане анонимна, признава дека и наплаќа на нејзината 29-годишна ќерка за чувањето на внукот. Вели дека наплаќа дневница за чувањето додека некој од родителите не дојде од работа да го земе.

„Не сфаќајте ме погрешно, јас си ги сакам и децата и внукот, ама знаете, денес сè се наплаќа, а посебно па потрошеното време. Знам дека ми е должност да го гледам внучето, но и јас си имам свој живот, свои потреби и не можам тукутака да се откажам од се и да се посветам само на грижа за внукот.

Сопругот одамна не е во живите и едвај најдов начини како да продолжам со животот скроз сама, па сега ако сакаат да се откажам од тоа, мора да ми наплатат.

Имавме долга дискусија околу тоа со ќерка ми, ама нејзин беше изборот, сакала да го остава детето во доверливи и сигурни раце, па се договоривме за плаќање по 400 денари од ден“.

Ќерката не сакала да се сложи со толку висока цена, сепак мајка и е, но на крај попуштила зашто немала друг избор. Сега бабата го чува детето 5 дена во седмицата по седум до осум часа дневно и некогаш по потреба.

„Сакаа да им земам помалку пари, ми велеа да бил сопругот жив тој за без пари сигурно со мерак ќе се грижел за внукот, но тоа е, не сме сите исти и јас си го ценам моето време.

Не сум јас без работа, си имам свои обврски и свое занимање па затоа и си наплаќам. Мислеа дека им е голем трошок поради нивните просечни плати, ама гледам дека се задоволни и детето е задоволно и сака да биде со мене, така што од моја страна се е во ред.

Дополнително, за тоа дете треба 2 до 3 пати јадење да спремам, па вода, па прошетки, не е едноставно како да го донесат за викенд само. Ако јас се одрекнам од моето слободно време, тогаш барам да ми се плати.

Истото би го направила и за кој било друг што ќе ми побара услуга“, објаснува бабата која истовремено се чуди како не сакаат да прифатат цена за чувањето кога можеби повеќе би платиле и на дадилка или градинка.

„Им реков дека слободно можат во градинка да го пуштат, ама тие не ме послушаа. Штом била работата за пари тогаш подобро мене би ми плаќале одошто во градинка каде не знаат каква грижа ќе добие детето.

Мало е уште, скоро 3 години и си бара постојана грижа, цело време да си над него. Нормално дека ќе наплаќам за таква услуга. Уште има роднини и пријатели кои ми префрлаат кога ќе слушнат дека земам пари, ама се сом невам дека некој своеволно на долг период ќе прифати дете да чува бесплатно.

Се си има граници. Колку и да звучи се бично од моја страна, ама така е – штом си сакале дете, мора да се спремни и на трошоци околу него. Ќе им го чувам дури сум способна, понатаму што сакаат нека си прават“. Додава дека најголем дел од коментарите за нејзината постапка биле со поддршка.

„Треба да бидеш платена, сепак го трошиш своето време… или Точно дека треба да си бараш пари, ама многу невкусно е кога баш на ќерката и го правиш тоа, ми беа дел од забелешките од луѓе, но мене не ме интересираат искрено.

Некои ми велат дека е подобро да се откажам од таквата заработка и да не го чувам детето за да не се скараме еден ден, ама не знаат дека јас и правам најголема услуга, детето секогаш и е најадено, напиено, стоплено и воопшто нема потреба да мисли на него дури е на работа“, завршува бабата.

Во секој случај, според нашето мислење, сметаме дека ни бааба ниту дедо не би требало да наплаќаат за таква услуга ако се договорат со родителите се да му обезбедат на детето, само да остане кај бабата на чување. Подобро е да се откаже таква услуга отколку да се наплаќа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.