Баба Зорка наполни 104 години и откри што ја одржува во живот толку долго

  • By klaster2
  • март 3, 2022
  • 0
  • 400 Views

Зорка Мартиновиќ од Даниловград во Црна Гора, пред три дена го прослави својот 104 роденден. По тој повод, оваа безвременска, но симпатична и ведра баба, истакна што и било најубавото нешто во животот, а без што не може денес.

И додека од нејзините врснички веќе нема ниту една и сите се на другиот свет, оваа баба се уште е активна и добро контактибилна.

Имено, баба Зорка во интервју за ,,РТЦГ” изјави дека најубавото нешто во животот и било да има убав маж покрај себе.

„ Од тоа што повеќе сакате во животот. Добар избор на сопруг значи и понатамошен добар живот“, вели оваа 104 годишна баба.

Покрај убав маж, таа истакна уште една навика до која се придржува и денес, а без која, како што изјави не може да живее.

,, Јас пијам ракија, без ракија не можам. Секако во умрени количини, таа е добра за многу работи и таа ме одржува во живот“, рече Зорка.

Од потомците има четири ќерки, еден син, како и 14 внуци и 20 правнуци. Таа истакнува дека сите се грижат за неа и е во добри односи со сите.

,, Можам да кажам дека сите се добри со мене, ме слушат и ми помагаат за што и да им побарам, тоа е големо богатство за мене, вели Зорка.

Од друга страна, нејзините најблиски наведуваат дека Зорка ги научила само на убави работи, на добри примери и им дала мноуг совети.

На крајот таа упати и една порака и начин на живот по која се води таа сите овие години: Сè треба да се прави чесно до крајот на животот.

,, Не смееме да правиме ништо поинаку. Им велам на моите деца немојте ниту орев ниту лажица да земате доколку не се ваши“, вели оваа мудра баба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.