Баба Вера има 88 години и вели: Секое утро пијам ракија, тоа ме одржува се уште

  • By klaster2
  • декември 15, 2021
  • 0
  • 571 Views

Ракијата е традиционален напиток на овие простори па и пошироко, секако таа има и свој добри страни но само доколку се употребува во умерени количини.

Сега е сезона на печење на ракија, за некој профит, за некој уживање и релаксација заедно со семејството и пријателите.

Од соседна Србија ни доаѓа една интересна приказна за 88- годишната Вера Лончар, која е длабоко навлезена во деветата деценија на животот.

А секојдневно пие ракија, и тоа како што вели ,,сливова препеченица”, нешто што ја одржува во живот долги години и е нејзин аператив.

Како што вели таа за Прва рс, лекови не пие, на доктор не била долго време, а особено и годи ракијата во овие студени денови.

– Имам 88 години и пијам по една мала чашка секое утро, Тоа е мојот лек, лекови не пијам, а ако имате проблем ова лечи.

– Печеме ракија традиционално секоја година, но генерално тоа е за наша потрошувачка или како поклон кога би оделе на гости, слава, свадба и слично, вели сопругот Миладин.

– Не прекупуваме и производот е наш, од почеток до крај целиот процес се е наше, има и други од продавниците но тие не чинат, додава тој.

– Можам да кажам дека ова е клучот за успехот и долговечноста и тоа што ме држи толку витална во овие години, вели оваа баба.

– Но ќе напоменам само една и да не се претерува, тогаш нема никаков ефект и се е попусто, се што е умерено е здраво, вели таа за крај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.