Анифе од пехчевско: Се јавив во болница во Скопје да прашам како е брат ми, а тие ми велат си замина – го нема веќе 5 дена

  • By klaster2
  • март 8, 2022
  • 0
  • 467 Views

Оча јна е потрагата по 74- годишниот Караман Демиров од пехчевското село Црник. Тој на почетокот на месецот во лоша состојба од Пехчево бил однесен на Гастрологија во Скопје.

А веќе на трети март по сопствена волја бил пуштен од болницата. Од тогаш му се губи секаква трага, неговата сестра сакајќи да ја дознае неговата здраствена состојба од болницата се обратила за помош.

Таа побарала одговор од невладината организацијаа КХАМ во Делчево, бидејќи таа сама не знаеле како да дознае повеќе информации за братот.

Откако од невладината организација прашале во Скопје им било кажано дека лицето Караман Демиров сам побарал и се потпишал да излезе од болница.

Но што се случува потоа со него веќе петти ден никој не знае. Сестрата Анифе со големо неверување пријавила во полиција.

– Се обратив до организацијата да прашаме како е состојбата на брат ми, и тие го контактираа но од таму и кажаа дека тој е отпуштен од болницата по негово барање.

– Но можам да кажам дека тој не можеше ниту да оди, од тогаш пријавив во полиција, споделив негови слики и се расрпашав во регионот.

– Јас однапред се заблагодарувам и упатувам апел некој да ми помогне да го најдеме, да видам дали е жив и каде се наоѓа, вели оча јната Анифе.

– Ако не сум јас нема кој да се ангажира околу него, јас не можам многу да одам бидејќи имам проблем со срцето, вели таа пред телевизија М-нет.

– Пријавено е секаде и секоја информација би ни била од корист, бидејќи тој не може да оди, и не е при себе, додава таа за Мнет тв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.