Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.
За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.
По олабавувањето на мерките, повторно важат за едни од најангажираните изведувачи на нашата сцена, но и во дијаспората. Но освен професионално, тие се почесто патуваат и приватно.
Анета скоро целата јавност ја знае со прекарот Молика, но во музичката емисија Фолк парада Анета откри детали за еден необичен прекар кој освен блиски луѓе, повеќе не го знаат.
– Мене Ванчо ме викаат, главниот прекар ми е Молика по кој ме познаваат сите, но си имам и во потесниот круг, Ванчо.
Тоа беше уште кога беше Стив со нас, на некоја свадба. Тогаш тој најавуваше почеток и крај и наместо Анета, Ванета ме кажа во брзањето. Од Ванета, Ване и на крајот Ванчо, никој не ме вика на име.
Анета е скромна жена која не се замара многу околу тоа дали носи брендирана облека или не и, како што вели дури не сака ни да купува брендови, најчесто си носи тренерки и обични маици.
Нејзиниот изглед секогаш е природен како што и доликува, остава годините да си го направат своето кога станува збор и за физикусот, но и за кожата, па раскажа дали правела некоја пластична опер ација.
– Сум правела не кријам, сум ја направила и устата тоа се стопи немам ништо, не знам дали ќе направам пак нова, мислам дека природно си е природно.
Сум правела и на брчки и на јаболкници, меѓутоа сето тоа се топи со текот на времето и пак лицето е како што било пред да ја направам интервенцијата.
Не сум за трајни силикони и такви нешта, вели Анета во емисијата Тренд Лајф. Тетоважите и се зар аза, има неколку музички тетоважи, но и такви со иницијали коишто многу и значат.