Андреа, македонската претставничка на Евровизија кажа зошто ќе настапи во црно

  • By admin
  • февруари 11, 2022
  • 0
  • 472 Views

Како што е веќе познато,Андреа Коевска е овогодинешниот евровизиски претставник на Македонија.

Таа во конкуренција од шест композиции,„Circles“ доби најголем број гласови од жири комисијата.

Гледачите и интернационалното жири одбраа кој ќе ја изведува македонската песна на Евровизија. Гласањето за гледачите се одвиваше онлајн, преку сајтот на Македонската радио телевизија, која е и организатор на изборот.

Иако Виктор Апостоловски имаше повеќе гласови од гледачите, сепак на крајот имаше изедначен скор со Андреа Коевска. Тука пресудни беа гласовите на стручното жири, па Андреа со композицијата „Circles“ оди во Торино.

Автор на музиката и аранжманот на „Circles“ е Александар Масевски, додека, текстот е пишуван заедно со Андреа Коевска.

Андреа Коевска е овогодинешниот евровизиски претставник на Македонија.

Андреа на 66-то издание на „Евросонг” ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12-ти мај, а финалето е закажано два дена подоцна, односно на 14-ти мај. Манифестацијата ќе се одржи во арената „Пала Олимпико” во Торино.

Досега малкумина имаа слушнато за оваа млада пејачка која е релативно непозната за пошироката јавност. Токм Евровизија се очекува да биде отскочна даска за нејзе.

Андреа во интервју за „Фокус“ говореше на неколку различни теми, меѓу кои и тоа зошто ќе настапува со песна на англиски јази:

Песната е снимена на англиски јазик и така и ќе остане. Една песна се одликува со мелодија и текст, и тие заедно имаат една заедничка задача – да пренесат некаква порака, да разбудат емоција.

Да бидеме реални, кога ќе се направи превод од англиски на македонски, и ќе се постават слоговите по тактови, првичната смисла и замисла се губи. Имаме мал милион докази за ова.

Ја сакам Македонија со цело срце и ги сакам јазикот и културата. Но, сакам да ја надминам Евровизија и да бидам македонската претставничка за светот.

Не може постојано да ги затвораме мислите и срцата кон надворешниот свет, туку треба да му ја донесеме националната перспектива на јазикот кој светот го разбира.

Она што веќе со сигурност е понзато како ќе изгледа нејзиниот настап е гардеробата која што ќе ја носи на себе.

Да, дефинитивно ќе бидам облечена во црно. Мојата желба е минимализам, затоа што сакам да се долови таа сирова емоција и сметам дека нема потреба од дополнителни елементи.

Сепак, тоа ќе биде спакувано доволно добро, за да се избориме за пласман во финале. Ќе мора да го поледнете настапот за да дознаете, но секако сакам да одам со концепт кој ќе ја потенцира моќта на песната, а не да ја преплави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.