Али од Скопје еден од последните јорганџии: Младината не сака тешки работи, кој да дојде јас би го научил

  • By klaster2
  • ноември 17, 2021
  • 0
  • 252 Views

Али Халили од Скопје е еден од последните јорганџии кој опстојуваат, тој својот дуќан го држи во скопската чаршија, а гости му беа екипата од ,, Сител” телевизија.

– Можеби една од причините е што се повеќе се применува фабричката изработка, и фабриките владеат во повеќето сфери на работење.

– Но да знаете тоа што ние ќе го изработиме, односно рачната изработка е многу поквалитетна, потопла и работена постепно со многу љубов, вели Али.

– Да се разбереме овој занает не е лесен занает, има свои специфики, но младината не сака тешки занаети, да дојде јас било кој би го научил, но нема кој.

– Ова го работиме 90 години, значи дедо ми бил јорганџија, па татко ми, а сега јас, после мене ова ќе се прекине бидејќи нема кој да работи.

– Ова е тежок занает, треба посвета има неколку фази при правење и до финален продукт на јорганот, треба да имаш напрсток, да имаш стап, со кој се распоредува волната или полиестерот, ние ја нарекуваме јагнешка волна.

– Не секоја волна може да се употреби за јорган, потоа цртаме каде би биле фигурите за да шиеме, и од двете страни, објаснува Халили.

– Понапред имаве чираци, кој помагаа, но сега сум само јас за еден помал јорган ми е потребен цел ден, а за некој поголем и по 2-3 дена за да се направи.

– Не само со овој занает општо и другите занаети не учите само занает туку учите и однесување и ставарање на љубов, начин на однсеување.

– Пред 30 години од мојот дуќан, па до крај, имаше 25 јорганџии, и полека еден по еден затвараа, и останав само јас, и ќе работам се додека ме држи здравјето да опстојувам со ова.

– Жени не паметам во овој занает, понапред кога имаше многу работа и неможевме да постигнеме, носевме дома и некој жени шиеја, но тоа е ретко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.