Александар работи и оди на дијализа, но не може да ги собере неопходните средства за трансплатација

  • By klaster2
  • февруари 16, 2022
  • 0
  • 540 Views

Дека е бо лен Александар Катаниќ дознал на редовен спортски лекарски преглед. Многу брзо му откажале двата бубрега и му треба трансплантација за да се опорави. Донаторот е неговата мајка, но мора да се оперира во Турција, пренесува РТС.

Помеѓу две сесии на дијализа, тој работи, се труди и заработува колку што може за да патува на лекување. Но, Александар не може сам. Потребни се нешто повеќе од четири и пол милиони динари.

Александар случајно дознал дека има забо лени бубрези, при систематскиот преглед што му бил потребен за професионално да се занимава со спорт.

Здравјето од ден на ден го издава и тој не знае уште колку ке тера вака: Се обидувам да спречам но незнам уште колку ќе издржам, вели тој.

Тој се обидел да го реши својот проблем во Србија, но со оглед на тоа што овде не се врши трансплантација на органи поради пандемијата се јавил во клиника во Турција, од каде што врз основа на медицинска документација му одговориле дека е добар кандидат.

Го поканија што поскоро да дојде со мајка му, која ќе донира бубрег. Александар не може сам да ја финансира трансплантацијата, па неговото име веќе подолго време се наоѓа на списокот.

-За тоа се потребни околу 35.000 евра, а тие пари не сум во можност да ги платам и не можам да чекам. Мајка ми може да се разболи и тогаш губам надеж за нормален живот – вели Катаниќ.

– Се трудам да соберам пари, работам и го давам максимумот но толку ми се можностите, сепак тоа е голема сума на пари, додава тој.

За да биде успешен зафатот потребно е што поскоро да се соберат средства за лекување, трансплантација, прегледи, лекови патни трошоци и сместување.

Доколку сакате да му помогнете на Александар да се врати во нормала и да не биде зависен од некого тоа може да го направите на Девизна сметка 160600000129282425 IBAN: RS35160600000129282425, SWIFT/BIC: DBDBRSBG

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.