Нина Гачиќ Деан е роденa на 31 јули 1987 година во Нови Сад, Србија. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отс екот за актерска игра, во 2010 г.
Од 2012 до 2015 г. работи во НУ Театар „Комедија“, а потоа во 2016 г. преминува во Македонски народен театар – Скопје.
Aктерката Нина Деан се омажи и породи некаде во април месец, минатата година. Таа е ќерка на Гордана Деан Поп-Христова, сопругата на познатиот актер Кирил Поп-Христов Кили.
Таа во недоамнешното гостување во емисијата Г- Карпет зборуваше за животот, кариерата, како и за својот очув и познат актер Кирил Поп Христов.
Кили веќе подолг период живее во далечниот Еквадор, каде од време на време постира фотографии и го прикажува егзотичниот живот.
Исто така Поп Христов често крева прашина во јавноста и со своите ставови на одредени теми и кажува се што му лежи на срце.
– Откако се преселив од Србија и дојдовме тука со мајка ми, секојдневние ми беше одење во театар, одење на проби и љубовта кон театарот се роди токму поради очувот Кирил, вели Нина.
– Искрено сакав да бидам психолог, но на крајот завршив како актер. Филмот ,,Тетовирање” може да се каже дека е врв на кариерата на Кили.
– Во Еквадор бев два пати, не останав да живеам таму, можеби кога ќе сум во години ќе заминам и ќе отидам таму, вели Нина.
– Таму живеат на стотина метри од плажата, куќата им е многу блиску до големиот океан и огромна плажа, таму е друг свет, други луѓе и друга култура.
– Кили е човек што си кажува се што си мисли, нема влакна на јазик и има луѓе што многу го сакаат и има луѓе што не го сакаат.
– Па така ќе се најде некој што ќе му прави проблем, некој пак не. Инаку тој и мајка ми најпрво отидоа да видат како е таму па се одлучија да живеат.
– Инаку јас се омажив со мојата прва љубов, мојата сериозна врска, никогаш не сум ни замислувала дека ќе биде така. Заедно сме уште од средно училиште, вели Деан.