Адријан Алачки: Грижата на совест од ден на ден е поголема – ми недостигате со секој нов ден, се повеќе и повеќе

  • By admin
  • март 20, 2021
  • 0
  • 1994 Views

Познатата македонска пејачка, а сега водителка, Адријана Алачки се огласи преку својот профила на фејсбук со емотивен статус во кој што таа напиша:

Eдинствени мои, Јас ја имав таа среќа да бидете мои родители, што и да напишам нема да Ве опише, оти нема такви зборови.

Вие бевте посебни и со огромна душа како амбар, за сите имавте место, што ли душа носевте, од Вас многумина учеа што е ,, ЧОВЕК”… ми недостигате со секој нов ден, се повеќе и повеќе, се што сум денес е Ваша заслуга.

Oд Вас научив што е семејство, пожр твуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жал ост. Секој ден поминувам покрај вратата каде што ги живеевме среќните денови сите заедно.

Нозете сами ми oдеа натаму, ќе ја отворев вратата и доволно ми беше да Ве видам само, тоа ми даваше сила. Сега истите скали ги минувам, истата врата, навратувам понекогаш во истиот дом, но празно е СЕ внатре.

Само фотографиите, старите украси и миленциња што мајка ми ги штиркаше, старите перничиња плетени на рака, спомените и грижата на совест што не поминува, од ден на ден е поголема што можеби несакајќи ве повредив а не ми кажавте и немав доволно време за Вас.

Родителот секогаш ќе Ви простува, но ќе биде страшно кога самите нема да си простите, затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се.

Ве сакам со секој атом од мојата душа. Почи вајте во мир!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.