Бранислав на 88 години стана бруцош на машинскиот факлутет

  • By klaster2
  • декември 19, 2022
  • 0
  • 208 Views

Бранислав Радуловиќ стана најстариот бруцош во регионот, откако пред неколку дена на 88-годишна возраст се запиша на Машинскиот факултет.

Бранислав Радуловиќ од Коман по 34 години пензионирање реши во деветтата деценија да седне на студентските клупи и да започне ново подглавје.

И таму наиде на одличен и убав пречек, како од колегите, така и од професорите, кој со голема почит го примија во своите редови.

„ Ќе докажам дека ние старите не сме за фрлање. Дека имаме потенцијал што може да се искористи“, изјави Бранислав за РТЦГ.

Бранислав е мотивиран да ги искористи пензионерските денови за да студира од неговата внука, која неодамна докторираше право во Белград.

Сепак неговото семејството вели дека не се воодушевени што решил да биде бруцош на 88 години и да оди по факлутетите на тие години.

„ Годините си го земаат данокот, од Подгорица сум 15 километри, возам секој ден во двата правци и ако нешто се случи јас ќе сум крив “, вели тој.

Поради новите технологии, вели Бранислав, учењето денес се разликува од времето кога дипломирал на Геодетското училиште во 1950-тите.

Колегите му помагаат да го совлада материјалот, па засега не му е тешко да ги дели студентските клупи со 70 години помлади од него.

„Така ги собирам моите и нивните години и делам и јас сум исто толку млад како нив. Главно не сум ниту најлош, ниту најдобар, златната средина, тоа е тоа“, вели Бранислав.

А тоа што некој на возраст од Бранислав за прв пат оди на Машински факултет е големо изненадување и за студентите и за професорите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.