(ФОТО) Македонскиот пејач микрофонот го замени со лопата: Повелете кај мене на село

  • By admin
  • мај 18, 2021
  • 0
  • 1189 Views

Поради тоа што повеќе од една година се без работа и настапи, голем број регионални, но и домашни музичари се принудени да бараат алтернатива за заработка или за да си го пополнат времето.

Пред извесно време во јавноста познатиот фолкер Ѓоко Јовиќ на својот профил на фејсбук сподели како чува стадо овци, а потоа и како работи на нива.

Македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски и покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.

Спасен зад себе имаше навистина бурна година. Вирусот не ги одмина македонските музички ѕвезди, а некои од нив за жал и ја изгубија битката.

Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.

Мора да се признае дека пејачо умее да биде и доста романтичен, а тоа се гледа од фотографиите кои ги објавува од неговта сопруг која е вистинска убавица.

Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

Неодамна Спасен Силјаноски гостувајќи на музичкото шоу “ИмаТ немаТ” пееше песна која ја има напишано неговата мајка за друг пејач. Имено Спасен цело време дури ја пееше песната плачеше.

Спасен како и неговите колеги сега мора да одмара принудно од својата професија, па си пронајде нова занимација. Тој на својот профил ан фејсбук сподели фотка и напиша:

Работно утро. На кој му е досадно нека повели кај мене на село, имам доволно лопати за сите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.